Светски ден на здравјето – поддршка на медицинските сестри и акушерки

Објавено: 6 април, 2020, во 10:33 часот

medicinskisestri fin

6.04.2020
Медицинските сестри и акушерки имаат важна улога во одржувањето на здравjeто на населението во светот, стои во пораката на Светската здравствена организација по повод 7 Април, Светски ден на здравјето, чие мото годинава е „Поддршка на медицинските сестри и акушерки”.

– Медицинските сестри и другите здравствени работници се во првите редови во справувањето со коронавирусот и во обезбедувањето третман и грижа за пациентите. Светскиот ден на здравјето ќе го потенцира сегашниот статус на медицинските сестри низ целиот свет. Светската здравствена организација и нејзините партнери ќе дадат серија препораки за подобрување на нивните услови за работа, стои во пораката на СЗО.

МИА

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.