Димитров: На македонскиот народ никој не може да му каже кои сме ние и каков јазик зборуваме

Објавено на 6 ноември, 2020 во 19:13

dimitrovsomaska fin

6.11.2020

„Ставот на опозицијата не е здрав рефлекс за нацијата. Факт е дека од октомври постои оваа позиција. Од октомври до март битката беше да има зелено светло кое во март го добивме“, изјави вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров за емисијата „Само интервју“.

Тој напоменува дека бугарскиот амбасадор во ЕУ го критикувал дека бил во посета на многу главни градови на ЕУ.

„За македонскиот јазик и македонскиот идентитет ние не можеме да разговараме. Членот 8 од Лисабонскиот договор вели дека ЕУ ќе ги третира соседите, ќе воспоставува специјални односи со нив, врз основа на овие европски вредости. На македонскиот народ никој не смее да му каже кои сме ние и каков јазик зборуваме. Тоа е наша, внатрешна работа“, потенцира Димитров.

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.