Крстески: Државниот архив е одбраната од нападите врз нашиот идентитет

Објавено на 10 ноември, 2020 во 09:49

DirnaDrzavenarhivEmil fin

10.11.2020

Директорот на Државниот архив, Емил Крстески, во интервју за српска „Политика“ изјавил дека институцијата која тој ја предводи е многу важна историска, научна и културна институција и еден од главните столбови на нашиот национален идентитет.

На прашањето колкаво е значењето на Државниот архив денес, особено ако го имаме предвид нападот врз идентитетот на македонскиот народ, Крстески потенцирал дека тоа претставува ризница на колективната меморија и националните вредности на македонскиот народ.

„Државниот архив е сведок на минатото и сегашноста, чии темели се, всушност, сведоци на нашата национална свест. Тоа е почетна точка во истражувањето на генезата и историскиот развој на македонската нација, македонскиот јазик, историја, традиција и култура, како најважни елементи на идентитетот на една нација, и исто така е важен за нашата меѓународна афирмација и „одбрана“ од како што споменавте, нападот врз нашиот идентитет. На пример, имаме документација од Кабинетот на претседателот и Секретаријатот за европски прашања во врска со официјалното признавање на македонскиот јазик од страна на Обединетите Нации и Европската Унија“, изјави Крстески.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.