МЗ: Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 41 пациент

Објавено на 14 ноември, 2020 во 10:38

 Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 41 пациент

14.11.2020

Од министерството за здравство информираат дека за 24 часа во ковид центрите во Скопје се примени 41 пациент, а вкупно лежат 393 болни.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 41 нов пациент поради компликации од корона вирусот. 

Вкупно 393 болни, сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно10 приеми и тоа тројца пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ и седум пациенти се примени во ковид центарот на Клниката за Неврологија. На Клиниката за Инфективни болести во изминатите 24 часа имало 21 прием, а во ковид центарот во ГОБ 8 Септември се примени 10 нови пациенти.

Од центрите се пријавени 35 оздравени пациенти кои биле пуштени дома.

 

Мите Јаначков

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.