Пендаровски за утре свика седница на Советот за безбедност

Објавено на 18 ноември, 2020 во 11:32

Pendarovski

18.11.2020

За утре, со почеток во 12 часот, во Кабинетот на претседателот, Стево Пендаровски е закажана седница на Советот за безбедност.

На оваа седница е предвидено, покрај членовите на Советот, да присуствува на покана на претседателот Пендаровски, и министерот за здравство, Венко Филипче.

На десеттата седница на Советот за безбедност ќе се разговара за актуелната ситуација со пандемијата на ковид-19 на територијата на Република Северна Македонија и за мерките и активностите на надлежните институции.

Мите Јаначков

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.