Сончево со мала облачност и слаб ветер од викендов опаѓање на температурите и прв слаб снег

Објавено: 19 ноември, 2020, во 08:23 часот

esensosonce fin

19.11.2020

Времето во утринските часови ќе биде променливо облачно, а преку денот сончево со мала облачност и со слаб претежно североисточен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени целзиусови.

Во Скопје, утрото ќе биде променливо облачно, а во текот на денот сончево со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Утре ќе преовладува сончево време со мала облачност и со слаб до умерен северен ветер, а кон крајот на денот под влијание на продор на студена воздушна маса ќе дува засилен северен ветер и облачноста ќе се зголеми.

Во сабота дневната температура значително ќе се намали, а на планините на северот ќе има услови за провејување на слаб снег. Од недела продолжува стабилното време со значително пониски утрински температури.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.