Прв ден кризна состојба, попладне седница на Главниот штаб за управување со кризи

Објавено на 21 ноември, 2020 во 10:01

CUK

21.11.2020

Денес е прв ден од кризната состојба која Владата по предлог на Претседателот и Советот за безбедност ја прогласи на целата територија на државата.

Согласно одлуката за кризна состојба, доцна синоќа во Центарот за управување со кризи, се одржа седница на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК. Штабот е оперативно стручно тело коешто раководи со активностите за превенција и справување со кризни ситуации. Ова тело во наредните 30 дена ќе биде постојано заседание, а денес попладне ќе одржи и нова седница.

Со Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК, ќе раководи в.д. директорот на Центарот Стојанче Ангелов.

Како што е најавено на денешната седница, треба да се разгледа Нацрт-акцискиот план за борба против пандемијата, кој бил дискутиран синоќа, а кој инаку го изготвува Центарот за управување со кризи.

Мите Јаначков

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.