Битолски ЈЗУ Здравствен дом „Д-р Хаим Абраванел” почнува со брзи ковид тестови

Објавено на 26 ноември, 2020 во 09:12

brzitestovikovid fin26.11.2020

ЈЗУ Здравствен дом „Д-р Хаим Абраванел”-Битола од денес, од 9 часот утрово, почнува со брзи ковид-тестови.

На официјалната веб страница на таа здравствена установа се посочува дека изработката на брзи ковид тестови ќе се врши со стандрадна процедура, односно со закажување на пациентите преку „Мој термин”.

-Тестовите ќе бидат бесплатни, денес ќе бидат направени 30 тестови, а резултатите на пациентите ќе им бидат соопштени за неколку часа, посочуваат од тамошниот здравствен дом.

За реализација на оваа активност ЈЗУ Здравствен дом „Д-р Хаим Абраванел”-Битола адаптира посебен простор кој се наоѓа од северната страна на таа здравствена установа, познат кај битолчани како „зад уредот”.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.