Парична награда од 20.000 до 30.000 денари за воено-медицинскиот кадар кој се вклучи во борбата против ковид-19
Објавено на 23 декември, 2020 во 09:51
23.12.2020
Владата го прифати предлогот на Министерката за одбрана Радмила Шекеринска за исплата на еднократна парична награда на медицинските работници од Министерството за одбрана кои што се вклучени во лекувањето на болните од КОВИД-19.
Во изминатите месеци голем дел од медицинскиот персонал од Воено медицинскиот центар активно се вклучи во борбата со КОВИД 19 во Центарот за јавно здравје и во ГОБ 8-ми Септември, а во последниот месец тие дадоа поддршка на колегите од јавното здравство во Инфективната клиника, Клиниката за пулмофтизиологија и на пренаменетите Клиники за интерни болести.
Износот на паричната награда за нивната пожртвуваност, во зависност од специјалноста, се движи од 20.000 до 30.000 денари.