РКЕ: Од вечерва дизелот поевтинува, бензините со иста цена
25.01.2021
Дизелот од ноќеска на полноќ поевтинува за половина денар по литар, а цената на останатите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,10 отсто.
Како причина за промената на малопродажни цени на нафтените деривати од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, ги посочуваат променетите референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатите седум дена кои се зголемени за околу 0,099 отсто кај бензинот и намалени кај дизелот за околу 1,215 отсто, како и за 0,74 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.
Старо-новите цените стапуваат на сила вечерва на полноќ.
#ДизелотПоевтинува #БезнзинитеСоИстаЦена #РКЕ #НафтениДеривати