Бројот на заразени од коронавирусот се намалува, но се разгледува опција и за вакцини од Кина
26.01.2021
Бројот на заразени од ковид-19 во нашата земја се намалува, иако во секој момент се очекуваат вакцините на Фајзер од страна на Србија, министерот за здравство соопшти дека се преговара и со кинескиот производител.
– Факт е дека компаниите се соочуваат со проблеми во испораката и доцнење на вакцините во целиот свет и во Европа. Во моментов ја разгледуваме и можноста за набавка на вакцини од Кина и чекаме детали во однос на цената и испораката – објави на својот фејсбук профил министерот за здравство, Венко Филипче.
Се очеква до крајот на неделата да се имаат сите информации во врска со вакцините од Кина.
-Мораме да работиме на сите полиња за да обезбедиме интегрален процес, без пауза од моментот кога ќе почне имунизацијата – додаде Филипче.
Инаку во последното деноноќие на териотријата на Република Македонија, направени се 677 тестирања, а регистрирани се само 68 нови случаи на коронавирусот. Поголемиот дел односно 37 се во Скопје, пет во Кавадарци, четири во Куманово. Додека во Штип, Охрид и Берово по двајца заразени и во Тетово, Гостивар, Битола, Велес, Струга, Свети Николе, Крива Паланка, Делчево, Пробиштип, Кратово и Пехчево по еден случај.
Инстутот за јавно здравје во последните 24 часа, регистрира 573 оздравени пациенти.
Стефани Манева
#Ковид-19 #МинистерствоЗаЗдравство #ВенкоФилипче #ОздравениПациенти #ИнститутЗаЈавноЗдравје