Туристичките агенции бараат зголемување на капацитетите на автобусите и продолжување на финансиската поддршка
26.01.2021
Туристичките агенции се означуваат како најпогодени од пандемијата и бараат итно продолжување на финансиската поддршка за плати, без изоставување на јануари и зголемување на капацитетите со автобусите.
Според нив, веќе ситуацијата со Ковид-19 е стабилна и бараат да се врати условот за 75 или пак 100 проценти исполнетост во автобусите.
– Авионските компании и во екот на пандемијата сообраќаа со целосна исполнетост на нивните авиони, па зошто да не можат и автобусите. Во време кога се трудиме да изработиме било што, ограничени сме со работа поради автобусите. Платежната моќ на граѓаните е намалена поради кризата, не можеме да ги покачиме цените и дополнително одиме во нови загуби, велат од агенциите.
Во денешното соопштение исто така тие наведуваат дека финансиската поддршка за плати треба да биде во континуитет бидејќи секој месец земаат плата, а стигнуваат опомени за блокирање на сметките.
#ТуристичкиАгенции #АвиоКомпании #ФинансискаПоддршка #ЗголемувањеНаКапацитет #Автобуси