Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, врнежи од снег има во Крива Паланка, Страцин и Берово
Објавено на 17 март, 2021 во 08:37
17.03.2021
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено на одредени места по влажни коловози. Врнежи од снег има во Крива Паланка, Страцин и во Берово.
Авто Мото Сојуз на Македонија, препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Стефани Манева