Остатоци од кашест снег на коловозите, снежни врнежи само во Маврово
Објавено на 23 март, 2021 во 09:32
23.03.2021
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, со остатоци на кашест снег. Врнежи од снег се бележат само во Маврово.
АМСМ препорачува приспособување на брзината на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони.
Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.