Државниот и политичкиот врв ќе чека ред за вакцинација

Објавено на 6 април, 2021 во 07:56

zaev i pendarovski prva sredba

06.04.2021

Претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев ќе се вакцинираат кога ќе им дојде редот, со вакцина која во тој момент ќе им биде достапна.

–Се разбира дека ќе се вакцинирам со вакцината што ќе биде достапна во тој момент. Ова го велам затоа што постојат контроверзии за различни видови на вакцини и можам да ве уверам дека се што е одобрено во нашата држава од надлежен авторитет и власт е проверено. Сите вакцини што се увезени и се аплицираат врз нашите граѓани се 100 проценти проверени, исто како да се вакцинирате во која било европска држава, изјави претседателот Пендаровски.

Премиерот Зоран Заев рече нагласи дека никој не треба да се мисли да се имунизира и додаде дека сите ќе треба да го почитуваме редот.

-Јас и министрите ќе бидеме пример за да ги охрабриме граѓаните да се вакцинираат против коронавирусот, но сакаме да го испочитуваме редот и редоследот на вакцинацијата и предност да им дадеме на повозрасните граѓани и хронично болните, паралелно со најекспонираните и најизложените на пандемијата, порача денеска премиерот Зоран Заев.

Министерот за здравство Венко Филипче во неколку изјави напомена дека ќе се вакцинира со „АстраЗенека“, но тоа ќе го направи кога ќе има доволен број на вакцини за граѓаните.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.