Од 22 до 23 часот дозволено шетање на домашни миленици

Објавено на 6 април, 2021 во 07:59

169720322 2657679754539041 2004074041269720794 n

06.04.2021

Сите граѓани кои живеат во станбени објекти ќе можат да ги изнесуваат надвор своите миленици од 22 до 23 часот, и тоа најмногу до 100 метри од местото на живеење.

Како што информираат од Министерство за внатрешни работи, овој период е во рамки на забраната и посебниот режим на движење на граѓаните на територијата на Република Северна Македонија.

Рестриктивните ковид мерки – полицискиот час наместо од 22 во наредните две недели ќе почнува од 20 часот, а од утре за гости се затвораат сите угостителски објекти, како и угостителскиот дел од обложувалниците. Од денеска се затвораат и фитнес салите, спортските и салите за вежбање и се забранува и организирање, одржување и учество на семинари, обуки, работилници, курсеви, конференции.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.