Заев: Почитувајте ги новите мерки и седете дома, вирусот во овој бран е многу поопасен

Објавено на 6 април, 2021 во 08:48

zaev sedi doma 1

06.04.2021

Премиерот Зоран Заев денеска на својот Фејсбук профил упати апел до граѓаните за почитување на мерките за заштита, кои, како што посочува се неопходни и побара максимална ангажираност на институциите со цел нивно доследно спроведување.

-Почитувањето на новите рестриктивни мерки е неопходност и бара максимална одговорност од секој граѓанин и максимална ангажираност на институциите со цел нивно доследно спроведување. Вирусот во овој бран е многу поопасен и многу побрзо прогресира. Затоа клучно е да се ограничи бројот на контакти коишто ги правиме со други луѓе. Ова е момент кога е потребна целосна мобилизација на граѓаните и општеството во заштитата на јавното здравје коешто е обврска на секој од нас. Повикувам на максимална одговорност од сите. Седете дома во наредниот период! Не излегувајте ако не е потребно и никако не се групирајте! напиша премиерот Заев на Фејсбук.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.