Собранието денеска треба да распише оглас за претседател на ДИК
Објавено на 30 октомври, 2013 во 10:38
Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи 75. седница на чиј дневен ред e предлог – одлуката за распишување оглас за избор на претседател на Државната изборна комисија.
Огласот ќе трае осум дена, а новиот претседател на ДИК се очекува официјално да биде познат откако ќе истечат законските рокови.
Предлогот за прв човек на највисокото изборно тело ќе го даде најголемата опозициска партија.
Од СДСМ велат дека консултациите се во тек. Некој медиуми веќе посочија на одредени експерти и правници кои би можеле да дојдат на оваа функција.
