Протестираат наставниците во Атина
Објавено: 28 февруари, 2014, во 15:17 часот
Една жена е повредена денеска во центарот на Атина при инцидент до кој дојде кога грчката полиција употребила солзавец за да ги растера демонстрантите кои протестираат против можните отпуштања во државното образование, jави 24 Вести.
Во протестите учествуваат училишните чувари, наставници и хигиеничари, кои се противат на евентуалните отпуштања пред истекот на нивниот осуммесечен рок на принуден одмор.
Некои од демонстрантите се обиделе да упаднат во зградата на Министерството за административна реформа.
Полицијата привела 15 лица, од кои еден е член на синдикатот на вработените во образованието.
На околу 2.300 училишни чувари им се укинати работните места и се испратени на принуден одмор заедно со поголем број државни службеници, на кои им беше намалена платата за период од осум месеци.
Министерството соопшти дека 526 од нив ќе бидат прераспоредени во државниот сектор, за да го покријат недостигот од персонал во државните болници, додека останатите веројатно ќе бидат отпуштени.
.
Црногорските новинари протестираа пред Владата
Објавено: 23 јануари, 2014, во 16:45 часот
Синдикатот на медиумите на Црна Гора денеска организираше протест пред црногорската влада во Подгорица поради бројни нерасветлени напади врз новинарите.
Демонстрантите симболично носеа самолеплива лента на устите.
Претставничката на Синдикатот Душка Пејовиќ изјави дека демонстрантите бараат од владата да ги поддржи измените во Кривичниот закон, да обезбеди дополнителна заштита на новинарите и да создаде услови за работа на Комисијата за истрага на нерасветлените напади врз новинарите.
Напиши коментар
Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.
Црна Гора: Протест поради насилството врз новинарите
Објавено: 17 јануари, 2014, во 14:39 часот
Црногорските весници „Дан“ и „Вијести“ денеска излегоа со празни трети страници во знак на протест против насилството врз новинарите во таа земја.
По серијата се уште неразјаснети напади врз новинари од двата весника, неодамна пред редакцијата на „Вијести“ беше фрлена експлозивна направа, а во Никшиќ беше претепана дописничката на „Дан“ Лидија Никчевиќ.
Управниот совет на Здружението на новинари на Црна Гора деновиве побара одржување генерален штрајк во знак на протест против насилството и поткопувањето на новинарските и човековите слободи.
Напиши коментар
Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.
Протест, синоќа, пред Собрание под мотото „Доста е“!
Објавено: 6 ноември, 2013, во 10:44 часот
Група од околу 50 луѓе,синоќа, се собраа пред законодавниот дом да го изразат своето незадоволство од како што велат актуелните случувања во државата, јави 24 Вести.
Под мотото ДОСТА Е! – тврдат дошле јавно да кажат НЕ на партиските вработувања, пресудите, но и поделбите по сите основи.
Групата на луѓе се организирале преку социјалните мрежи.
Напиши коментар
Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.
