Ричард Ховит во посета на Македонија
Објавено на 28 октомври, 2013 во 09:46
Во тридневна посета на Македонија, од денеска, е известувачот во Европскиот парламент за Македонија, Ричард Ховит.
Во рамките на посетата Ховит ќе има средби и разговори со сите релевантни политички фактори и институции во земјава, како и со претставници на граѓанскиот сектор и со новинарските здруженија.
Посетата се реализира штом Европската комисија го објави Извештајот за Македонија, во кој беше дадена нова препорака за старт на преговори со Македонија, но имаше и доста забелешки.
