Македонија и Србија потпишаа договор за полесно движење на лица и стоки преку границата
Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Белград заедно со министерот за внатрешни работи на Република Србија, Братислав Гашиќ, потпишаа Меморандум за разбирање помеѓу двете влади за мерките за подобрување на движењето на лица и стоки преку заедничката државна граница.
Меморандумот, кој беше потпишан по пленарната средба на делегациите на владите на Република Србија и на Република Северна Македонија, ќе го олесни движењето на луѓе и стоки преку државната граница, особено преку граничниот премин Прешево – Табановце.
Потпишаниот Меморандум ќе придонесе за намалување на гужвите на граничните премини, особено за време на туристичката сезона, што е во интерес на граѓаните на двете земји, но и на сите што ги користат граничните премини меѓу Србија и Северна Македонија.
Министрите Спасовски и Гашиќ на билатералната средба го истакнаа значењето на пријателските односи и соработка меѓу двете земји, што е внимателно проследено со добри односи меѓу српската и македонската полиција.
Потпишувањето на овој Меморандум, како што нагласија, претставува ново поглавје во регионалните односи и поврзување на два блиски народи.
Дума.мк