Македонија на удар на засилен топол бран од Африка: Температури до 40 степени!

Објавено на 23 јуни, 2025 во 07:51

Територијата на Македонија од денеска, 23 јуни, до петок 27 јуни, ќе биде под влијание на засилен топол бран од Африка и истиот ќе услови многу топло и сончево време со мала локална облачност.  Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, гласи метеоролошката прогноза на Славчо Поповски.

„Што се однесува до температурите тие ќе бидат многу високи, а особено високи температури ќе имаме од среда до петок кога максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 40 степени. Во Скопје температурата ќе се искачува до околу 39/40 степени. И во Скопскиот регион ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

УВ ИНДЕКСОТ за време на овој засилен топол бран од Африка ќе има екстремно висока вредност со коефициент 9.

Токму поради ова апелирам граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, односно од 11 до 17 часот, но и да пијат повеќе течности.

Барем одсега гледано, освежување на времето, пад на температурите, но и дестабилизирање на атмосферата ќе имаме во петок. во попладневните  и во вечерните часови, кога ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и можност за ново локално невреме, додава метеорологот Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.