Метеопрогнозерот Поповски: Натпросечно топло време и наредната недела во февруари

Објавено на 16 февруари, 2024 во 11:33

Најновите нумерички модели и за следната недела покажуваат натпросечно топло време, слично на сегашното, без сне и со услови за сосема слаб локален дожд во вторник, објави „Метеоаларм“.

Додека подолго време моделите цртаа доста врнежи за следната седмица во Македонија сепак тоа нема да се случи.

-Метеоролошкиот медиум ” Метеоаларм” будно ја следи секоја новонастаната состојба на нумеричките модели и ја информираме јавноста. Секако често пати одиме и со долгорочни анализи на времето, а граѓаните тоа го бараат, и секако доколку дојде до промена ние ја ифнормираме јавноста навремено и прецизно, соопшти метеопрогнозерот Славчо Поповски.

Тој укажува дека најсигурни и со можност за оставрување за повеќе од 90% се пократкорочните анализи на времето.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.