Мицкоски ќе го чека Заев да поднесе оставка до 14:30 часот: „Мандат се дава на мнозинство“
Доколку премиерот Зоран Заев не поднесе оставка денеска до 14.30 часот, како што денес најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, новото парламентарно мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ, ААА, Беса и Левица ќе покрене постапка за изгласување на недоверба на Владата.
Мицкоски ги демантираше објавите дека пратеникот на Алијанса за Албанците, Скендер Реџепи се пожалил на злоупотреба на неговиот потпис и дека ќе го повлече истиот.
На прашање што доколку успеат да изгласаат недоверба на владата, но не успеат да формираат мнозинство за понатаму, Мицкоски побара да се оди скала по скала.
– Ајде прво првата работа, да се качиме на првата скала прво, да не гледаме на 27-та. Да ја завршиме прво првата работа, потоа има процедури, закони, Устав кои треба да се почитуваат. Тоа не зависи понатаму од нас, зависи од тој кој треба да го почитува Уставот. Мандат се дава на мнозинство. Да почекаме да се случи првата работа, Зоран Заев да си го исполни единственото ветување кое очекуваме да го исполни, иако лично не очекувам. Но, во понеделник во 14:30 ја доставуваме во иницијативата во парламентот и понатаму оставаме на претседателот на парламентот да ги почитува законските рокови и процедурите кои важат – одговори лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Ги повика сите пратеници кои мислат дека владата на Заев не е добра, да им се придружат. Верува дека ќе се решат и несогласувањата меѓу дел од партиите кои се потпишаа за ново мнозинство, затоа што, како што вели, треба да се гледа колективниот интерес.
Oд СДСМ, посочуваат дека Заев не го повлекува зборот дека ќе се повлече, но нема да се ориентира според туѓи ултиматуми.
ЛДП и ДОМ нема да гласаат недоверба на Владата, откако утре лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најави дека ќе достави до Собранието иницијатива за гласање на недоверба.
Пратениците Моника Зајкова и Боби Мојсоски од ЛДП за Фокус изјавиле дека не би гласале недоверба на нивниот претседател кој е актуелен министер за локална самоуправа во Владата. И Маја Морачанин од ДОМ потврдува дека нема да гласаат недоверба на Владата.
Претходно и Демократски сојуз потврди дека нема да учествуваат во политичка Влада со ново парламентарно мнозинство од страна на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Павле Трајанов рече дека не треба нов процес, нови избори, ново усогласување за соработка со други политичи партии.
– Доколку не може да се избере нова Влада, тогаш неминовни се нови предвремени парламентарни избори. Нивното организирање од пржинска влада е политички договор вметнат во законот, но, според мене, таква влада и не мора да се формира бидејќи Уставот не ја препозната а тој е највисок акт – истакна и Тито Петковски.
ВМРО НАРОДНА партија исто потврди така не ја поддржува иницијативата за гласање недоверба на владата.
Деновиве во партијата ќе заседава Ивршниот одбор, кој треба да ги констатира оставките на раководството. По ова, имаат рок од 15 дена, да распишат вонредни партиски избори.
Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, доби овласување од членовите на Централниот одбор на партијата за да продолжи да разговара со политичките партии од двата блока, освен како што посочија, оние кои се против евроатланските интеграции, по развојот на настаните на политичката сцена.
На состанокот на највисокото тело на партијата, кој се одржа во Тетово било разговарано првично кои се интересите на граѓаните и интересите на државата, по што беше изнесен партискиот заклучок дека продолжувањето на евроатланскиот курс на државата е без алтернатива, како и реализацијата на важните проекти.
Од ДУИ велат дека сите опции се на маса за решавање на ситуацијата во која се наоѓа државата по локалните избори и нивните анализи и разговори продолжуваат.
Извор: Локално.мк