Министерот Филипче поднесе писмена оставка до владата

Објавено на 10 септември, 2021 во 19:39

Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека понудил писмена оставка од функцијата до премиерот Зоран Заев, поради морална одговорност по трагедијата во Тетово, каде изгоре модуларната ковид-болница и загинаа 14 луѓе.

„Како лекар и министер имам интегритет, затоа денес од морални причини понудив пишана оставка до премиерот Зоран Заев“, рече Филипче во кусото обраќање.

„Пред граѓаните стоев транспаретно, никогаш не бегав од критика, не останав должен за одговор. Сите одлуки кои ги донесовме беа со цел да се заштити здравјето на граѓаните. Последната трагедија многу ме погоди, жалам за загинатите. Нема зборови за тоа да се надомести загубата. Како лекар и министер имам интегритет затоа од морални причини понудив пишана оставка. Сакам да се заблагодарам на сите кои веруваа во мене. Сакам посебно да се заблагодарам на медиумите за нивната транспарентност и посветеност која ја добив во најтешките моменти“, рече Филипче.

Неговата оставка треба да биде прифатена од Владата и министрите на седница. По ова, ќе се назначи нов министер за здравство. Од функциите претходно се повлекоа и заменик министерот за здравство Илир Хасани  и двајцата директори од Клиничката болница во Тетово.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.