Млади Срби најпозитивни кон Македонците и Црногорците а најнегативни кон Албанците
Младите во Србија имаат најпозитивен однос кон припадниците на црногорската и македонската националност, а најнегативен однос кон албанската, покажа овогодинешниот Алтернативен извештај за положбата и потребите на младите, објави „Krovna organizacija mladih Srbije“ (KOMS).
На скала од еден до четири, со резултат од еден што значи „секогаш имавме блиски и пријателски односи со нив“, два – „граѓанин како сите други“, три „не ми пречат, но јас не би се дружел се со нив“, четири „Не ми се допаѓаат“ – Црногорците добија вкупна оценка 1,68. Македонците (1,75), Бошњаците (1,82), Унгарците (1,94) и Романците (1,95) беа вклучени во групата пријателски националности на територијата на Србија и во околината.
Оценката дека се „граѓани како и сите други“ младите ја дале за Хрватите со 2,04 и Бугарите со 2,09, а Албанците поминале најлошо.
Оценката од 2,52 вели дека не се во категоријата со која младите би се поврзале, а според ова истражување и народи кои младите „не ги сакаат“ во српската средина.
Комплетниот извештај „KOMS“ ќе го објави на 12 август за Денот на младите пишуваат српските медиуми.