МВР: 668 санкции за брзо возење
Објавено на 9 декември, 2021 во 09:49

Во текот на вчерашниот ден, 8 декември, Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територија на Република Северна Македонија, за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 668 возачи.
Од нив 111 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 11 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 253 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 415 надвор од населено место.
Од МВР апелираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да се придонесе за побезбедни патишта.
