МЗ: Ревакцинирани 44% од полнолетните граѓани во државата
Како што информираат од Министерството за здравство, во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 3458 дози вакцини, од кои 873 се аплицирани како прва доза, 2513 се ревакцинирани, а 72 граѓани примиле трета доза вакцина.
Заклучно со 6 октомври вкупно се вакцинирани 793 179 граѓани, ревакцинирани се 743 374, а трета доза примиле 571 граѓани. 53% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.
Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 47%, а со две дози опфатени се 44% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина.