Нѐ очекува период на облачно време со дожд и грмежи

Објавено на 3 септември, 2024 во 14:01

Во наредните денови следува период на променливо облачно време со локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Процесите ќе бидат поинтензивни во петок и сабота, кога наместа ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и град.

Денеска преовладува сончево и топло време со променлива облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Попладне облачноста ќе се зголеми и претежно во западните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.