Наутро студено, преку ден сончево
Објавено на 19 септември, 2022 во 09:11
Времето наутро студено за овој дел од годината, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност претежно во северните делови. Ќе дува слаб до умeрен ветер од јужен правец, само во западните делови ветерот ќе е западен и повремено ќе засилува. УВ индексот ќе изнесува 6.
Во текот на работната седмица ќе биде стабилно со студени утра и со дневни температури кои ќе бидат под просекот за овој дел од годината. Денес во поголемиот дел од земјата ќе дува повремено засилен јужен, а во западните делови западен ветер кој ќе засилува.
Потоа до четврток ветерот повремено преку денот ќе засилува и ќе е северен. Краткотрајно во попладневните часови претежно во планинските делови ќе има услови за појава на краткотраен дожд.