Нема подолги задржувања на граничните премини, следете ја состојбата преку еден клик на Дума.мк

Објавено на 13 септември, 2023 во 09:27

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Состојбата на граничните премини следете ја и преку веб страницата Дума.мк, каде имате банер кој ви ја прикажува во моментот. Кликнете и во категоријата Патна мрежа, изберете подкатекорија видео камери.

Авто Мото Сојуз на Македонија препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.