Ново поскапување на нафтените деривати

Објавено на 12 јули, 2021 во 12:51

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,28 % во однос на Одлуката од 05.07.2021 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 денар/литар. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС остануваат со исти цени.

Новите цени на нафтените деривати се следни: Бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 72,00 (денари/литар), бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 74,00 (денари/литар), дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 63,00 (денари/литар), масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 63,00 (денари/литар), мазут М-1 НС 37,719 (денари/килограм).

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.