Обединетите нации одобрија промена на меѓународното име на Турција
Објавено на 2 јуни, 2022 во 11:05
Обединетите нации го одобрија официјалното барање на Турција за промена на името на земјата на странските јазици во Туркије, изјави портпаролот на генералниот секретар на ОН Стефан Дијарик за новинската агенција Анадолија.
Тој за новинската агенција Анадолија изјави дека генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш добил известување од турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу за преименувањето.
Отсега името Туркије (Turkiie) ќе се користи на сите меѓународни форуми и во официјални документи во кои се користеле различни етноними, како Turkei, Turkei или Turkuie.