Објавен вториот владин повик за поддршка на инфраструктурни проекти на општините и градот Скопје

Објавено на 12 февруари, 2025 во 15:22

Владата денеска го објави вториот повик за финансиска поддршка на општините за реализација на инфраструктурни проекти. Општините и градот Скопје можат да аплицираат проекти за коишто се предвидени средства во висина од 15 милијарди денари или 250.000 евра.

Проектите потребно е да ја подобруваат инфраструктурата во локалните заедници, општини, населени места или патишта, како и од областите  култура, спорт, животна средина, социјална политика и образование.

Апликациите треба да се испратат до Министерството за локална самоуправа, а проектната документација до ресорните министерства од областа на проектот, најдоцна до 30 април 2025 година.

„Веќе е познато дека целта на јавниот повик е да се доделат средства за проекти кои ќе придонесат за значајно унапредување на инфраструктурата во нашите општини, со директен позитивен импакт врз економскиот раст и квалитетот на животот на граѓаните. Со реализацијата на овие проекти, очекуваме значајни подобрувања во секојдневието на нашите граѓани, зголемување на економската активност, како и унапредување на инфраструктурните капацитети на самите општините ширум државата“, изјави министерот за локална самоуправа Златко Перински.

Овој е втор повик и е продолжение на спроведен прв јавен повик од чии финансиски средства се започнати или ќе започне реализацијата на општинските проекти.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.