Облачно и студено со повремен снег
Објавено на 17 јануари, 2022 во 09:26
Променливо облачно, во западните делови на планините и на повисоките места со повремен снег, а во пониските од дожд и снег. По одделни котлини ќе има појава на слаба утринска магла. Кон крајот на денот и во источните делови ќе има повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северозападен ветер.
Во текот на утрешниот ден не очекува претпладне променливо облачно со слаб локален снег. Во текот на денот облачноста насекаде ќе се намали. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено во источните делови.
Во следните денови времето ќе биде стабилно, утре со засилен северен ветер. Нови врнежи од дожд и снег се очекуваат во четврток кон крајот на денот и во петок.