Од Ковид-19 почина 22-годишен пациент од Куманово

Објавено на 1 септември, 2021 во 10:33

Вчера беа  евидентирани 37 починати пациенти како последица од ковид-19, а најмладиот има 22 години.

Од починатите, најголем број поточно 10 се од Скопје , осум се од Тетово, а по четири починати лица има во Куманово, од каде е и најмладиот починат пациент. Сите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во земјава досега изнесува 176.494. Оздравени се 156.307 пациенти, а како последица од вирусот починале 5.938.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.