Од удар од гром загина 25-годишно момче од Тетовско
Објавено на 19 јули, 2021 во 12:44
Вчера , 18 јули, во 19 часот и 25 минути во Сектор за внатрешни работи Тетово, било пријавено дека во месноста „Карабунар“, атар на тетовски Урвич, бил пронајден починат 25-годишниот Е.О. од тетовско Долно Палиште, кој бил усмртен од удар на гром. Смрт констатирал лекар по судска медицина, увид извршиле екипа од СВР Тетово и Јавен обвинител по чија наредба телото е предадено на семејството, стои во во полицискиот билтен.
Вчера беа повредени неколку лица на охридската плажа „Оревче“ откако горм удрил на неколку метри од брегот.