Пензии на Западен Балкан: Каде се наоѓа Македонија?

Објавено на 13 јануари, 2022 во 09:56

Во земјите од Западен Балкан пензиите се движат од 90 до повеќе од 1.200 евра, пренесува РСЕ.

Највисоки пензии има во Србија, каде минималните се 136, а максималните 1.258 евра, додека најниските пензии во Косово се минималната 90, а максималната 627 евра.

Во Црна Гора најниската пензија е 147, а максималната 1.100 евра, додека во Македонија најниската пензија е 170, а највисоката 938 евра.

Во Федерацијата БиХ најниската пензија е 160, а највисоката 1.087 евра.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.