Петков пречекан со највисоки државни и воени почести
Објавено на 18 јануари, 2022 во 10:11
Бугарскиот премиер Кирил Петков пристигна во земјава, по што се упати кон зградата на Владата.
Тој пред зградата на Владата на „Илинденска бр.2“ беше пречекан од македонскиот премиер Димитар Ковачевски и со највисоки државни и воени почести.
Двајцата премиери ќе имаат тет-а-тет средба, по што и заеднички состанок на двете делегации.
Петков е придружуван од министерката за надворешни работи Теодора Генчовска, заменик-спикерот Кристијан Вигенин и бугарскиот министер за транспорт и врски.
Петков ќе има посебни средби и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и претседателот на Собранието, Талат Џафери.
За околу пладне е најавена заедничка прес-конференција меѓу двајцата премиери.