Појава на слана и на мраз, изминатата беше ладна ноќ во Македонија
Објавено: 10 декември, 2025, во 08:49 часот
„Во изминатите поплноќни и ноќни часови во Македонија имаме релативно ладно и ведро време со мала облачност. Претежно е тивко и без некој изразен ветер. Најладно е во Берово каде температурата изнесува -1 степен.
На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени во полноќните и ноќни часови. Може да се види дека насекаде имаме релативно ладно време а на повеќе места изминатата ноќ имаше појава на слана и на мраз,“ соопшти метео прогнозерот Славчо Поповски.

Дума.мк


