СДСМ: Пролонгирање на рокот не прифаќаме!
Објавено на 25 февруари, 2013 во 15:23
Имавме време да составиме листи и да одбереме кандидати, но се решивме за бојкот поради партиско-политичкиот пуч.
Сдсм го отфрли предлогот на ВМРО ДПМНЕ да се пролонгира рокот за пријавување кандидати за градоначалници и советници за престојните локални избори за да може да учествува на нив.
„Сојузот за иднината не одлучи да ги бојкотира претстојните локални избори затоа што немаше време да состави кандидатски листи, туку оваа наша одлука е одговор на партиско-полициски пуч на власта“, се вели во соопштението на СДСМ.
Опозициската партија потсетува дека понудила да учествува на локалните избори, но ако освои и еден глас повеќе, власта да распише предвремени парламентарни избори и останува на овој услов.
