Во ДИК, денеска, ждребување на листите!

Објавено на 10 март, 2013 во 09:01

Денес во ДИК ќе се изврши уште едно жребување по што дефинитивно ќе се знаат редните броеви на листите за гласање, откако истече и дополнителниот рок за поднесување кандидатури.

Нема да се врши повторно жребување за редоследот на кандидатите за кои веќе е извршено по првичниот рок 16 февруари, туку тоа ќе се направи само за кандидираните до 8 март на полноќ.

Во меѓувреме се одвива и изборната кампања, која започна во понеделникот и ќе трае до 22 март.

Изборниот молк е на 23 март и на денот на изборите.

Локалните избори во Македонија ќе се спроведат во 80 општини и во Градот Скопје, а во избирачкиот список за гласање се запишани вкупно 1.743.403 избирачи./Б.Н

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

MIT License