Опозицијата ја напушти седницата на која се расправаше по Предлог законот за медиуми
Објавено на 24 август, 2013 во 07:19
Пратениците на СДСМ, вчера, ја напуштија седницата на собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија на која се расправаше по амандманите на Предлог законот за медиуми.
Како што образложи Јани Макрадули, СДСМ не сака да учествува во носењето закон со кој, рече, се легализира цензурата.
Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ ја квалификува ваквата реакција на опозициската партија како желба Македонија да не добие позитивен извештај од Европската комисија.
Како што е познато, повеќе медиумски организации во земјата се противат на носењето на законот за медиуми затоа што сметаат дека со него власта сака да ги контролира сите видови медиуми а Агенцијата за медиуми добива големи овластувања.