Зоран Заев: „Вистината ќе излезе на виделина“

Објавено на 6 ноември, 2014 во 08:09

Бомбата“со аргументи и докази што ја има СДСМ ,против Груевски ќе го урне за три дена од власт, бидејќи допира во меѓуетничките односи, најави на вечерашната трибина во Битола лидерот на опозицијата, Зоран Заев.

„Во моментот кога тоа ќе се објави, Груевски за три дена треба да замине од власт со оставка. Но, за жал, честа на Македонија ќе биде повредена. И лично верувам дека ќе допре до сензибилитетот на меѓуетничките односи“, рече лидерот на СДСМ, Заев пред битолчани.

„Народот е гладен за афери“ – изјави Заев, ветувајќи дека вистината ќе излезе на виделина. Според него, аргументите и доказите кои постојат во рацете на опозицијата ќе бидат многу прецизно и во соодветно време обелоденети во јавноста.

Како залог дека доказите против Груевски се силни и аргументирани Заев истакна дека го става својот политички кредибилитет. Во спортивно рече дека не би заслужил да ја води опозицијата.

Извор: Радио Канал 77

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.