Соопштение на ДУИ за случајот „Пуч“

Објавено на 2 февруари, 2015 во 15:06

Демократската унија за интеграција соопшти дека со големо внимание ги следи настаните поврзани со обвинението за обид за рушење на државниот поредок и шпионажа од страна на четири лица, вклучително и лидерот на опозицијата, Зоран Заев.

ДУИ, стои во соопштението, континуирано ја потенцира ургентната потреба за подигнувањена интегритетот и независноста на судството и обвинителството, како и транспарентното и објективно спроведување на судските процеси, особено на оние со меѓуетнички, меѓуверски и политички карактер.

Државните институции вклучувајќи го судството и обвинителството, треба да пристапат кон овој случај со полна транспарентнoст и интегритет и почитување на презумпцијата на невиност на обвинетите, се вели во соопштението од ДУИ.

Сметаме дека и меѓународната заедница треба да се вклучи со должно внимание за градење на одржливи демократски стандарди во земјата, стои во соопштението од ДУИ.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.