Груевски предложи истраги и за прекршувањата на законите од опозицијата и за она за што е обвинета власта
По низата критики упатени од амриканските дипломати, но и од германската амбасадорка во државава , Премиерот Груевски упати низа пораки во јавноста на денешниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ. Според него, тој и партијата биле клеветени и кодошени од фондацијата Сорос но и од Заев и поради тоа ќе инаистирал на ситрага за сите обвинувања на опозицијата.
“Нашиот став е да има истрага и за нивните прекршувања на законите, но и за она за што нас не обвинуваат. Ние сакаме да има истрага, ако во таа истрага се покаже дека некој од нас нешто погрешил, нека одговара во таа истрага. Ние ќе постапуваме европски, иако баш ваков случај нема во Европа каде што шефот на опозицијата со месеци пушта нелегални материјали, а голем број на медиуми ги објавуваат. Овие бомби независно колку разговорите се монтирани, лепени и сечени, сепак, многумина од нас подлегнаа, ни ги збија редовите, не потсетија дека нема време и простор за опуштање, дека колку и да е слаба опозицијата секогаш има некој што може да нападне со силно оружје колку и да е тоа нефер или недозволено. Бомбите дополнително не созреаја и не направија поконцентрирани за да му служиме на народот. Ова е за сите нас корисна лекција, подобро скокање во ладна вода сега кога не сме се опуштиле, отколку да добиевме ладен туш од граѓаните на следни избори”-изјави Груевски пред делегатите.
Понатаму Груевски рече дека настаните од 24-ти декември биле сериозен предизвик кога Заев и Бранко Црвенковски имале обид за насилно превземање на власта. Премиерот нагласи дека овој деструктивен чекор создал многу проблеми, но опозицијата предводена од Зоран Заев не извлекла никаква поука од тој настан.
“Трет голем предизвик е блокадата за заслуженото место во ЕУ и НАТО. Македонија продолжи да добива позитивни извештаи, за жал заради противењето на Грција не ги започнавме преговорите. Пресудата од Хаг ни беше ветер во грб, но не беше доволна за деблокада на процесот. Фрустрирачки е да се зборува за ова во кое е содржана голема неправда. Сепак, ние се откажуваме и ќе продолжиме да бараме начин да ја оствариме целта. ВМРО-ДПМНЕ нема да профати промена на уставот со цел промена на уставното име, нема да прифати идеи и предлози кои ќе го нарушат македонсиот национален идентитет, македонската нација и македонскиот јазик, рече Груевски кој додаде дека опозицијата дезиорентирано ги напаѓа, бидејќи како што рече, ако биле спремни да ги продадат името и идентитетот, имале 8 години да го напраат тоа.
Ова не е прашање за дневна политика и не е прашање лесно за решавање. Ако беше, СДСМ ќе го решеше. Затоа ако не можат да помогнат, барем нека не одмагаат. Заев толку верува дека со телевизиски настап во Грција може да го реши прашањето”- рече Груевски.
Извор: Локално.мк