Црвенковски: Со мирни и масовни протести против власта

Објавено на 5 мај, 2015 во 09:58

Поранешниот претседател на Македонија и поранешен лидер на СДСМ Бранко Црвенковски повика на единство во, како што изјави, борбата против режимот на владејачката партија.

„Не може СДСМ сам да го победи ВМРО, ќе треба да се обедини се во државата и да се урне овој режим. Кога зборувам за широко движење не мислам само на македонско, туку мислам ни вистинско, граѓанско мултиетничко движење“, рече Црвенковски во синоќешното интервју за телевизијата „Телма“.

Црвенковски додаде :„Овие од власта не ја даваат власта, спремни се да преземат огромни ризици, затоа што ако ја загубат власта, тие ќе ја загубат и слободата, и тоа треба да се предвиди. Само со масовни протести, маршови, граѓанска непослушност ќе ги охрабриме сите други што сè уште се плашат. Битката ќе трае долго, бара упорност и не треба никого да залажуваме дека тоа може да се стори со еден потег“.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.