Лидерска средба со присуство на Орев и Бејли
Во 14:30 часот во Клуб на пратеници, закажана е лидерската средба, на четворицата претседатели на најголеми партии во земјава – Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети, Мендух Тачи, јави 24 Вести.
На средбата на барање на лидерот на СДСМ Заев ќе присуствуваат и амбасадорите на САД и ЕУ во земјава.
Бидејќи нивното присуство тој го постави како услов за да присуствува. Неофицијално дел од учесниците на средбата очекувата да биде презентиран и план за излез од политичката криза.
Иницијатори на оваа средба се претставниците на меѓународната заедница за да почне дијалог за решавање на политичката криза.
Лидерската средба доаѓа по средбите кои ги имаа амбасадорите на САД, ЕУ, Германија, Велика Британија, Франција, Италија со лидерите на ВМРО ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ, по што следеа оставките на тројцата долгогодишни соработници на Груевски – Јанкуловска, Јанакиевски и Мијалков.