Договорот ќе го чека крајниот рок?

Објавено на 30 септември, 2015 во 13:51

Денеска нема да има договор. Дојдете за изјави ноќта меѓу петти и шести октомври, вели на шега еден од учесниците во преговарачкиот процес. Стравува дека ќе се повтори приказната од 15 септември, кога јавната обвинителка и законот што ја уредува нејзината работа беа договорени при истекот на последните часови од зададениот рок, јави Телма.

Ниедно прашање поврзано со изборната регулатива не е затворено – не се договорени ингеренциите на ДИК, односно начинот на кој таа ќе го пречистува Избирачкиот список. СДСМ предлага ново тело да одлучува во жалбената постапка по приговорите, ВМРО ДПМНЕ сака да остане Управниот суд. СДСМ и ВМРО ДПМНЕ се усогласија, но ДУИ се спротивстави на активна регистрација на гласачите бидејќи нема време, но прифаќа давање отпечаток од прст на денот на изборите. СДСМ бара една изборна единица, што паралелно би го решило и гласањето на дијаспората. ВМРО ДПМНЕ предлага зголемување на бројот на пратеници од иселениците и враќање на мнозинскиот модел. На постојаните несогласувања меѓу двете најголеми партии, ДУИ ги максимализираше своите барања, па ги обнови барањата  една од трите најважни функции во државата – претседател, премиер или парламентарен спикер, да им припадне на албанците. Потоа, бара гласање по Бадинтеровиот принцип во ДИК, па дури и уставни промени за да не се бира претседател на непосредни избори туку со политички договор во Собранието.

Текстот во целост прочитај го тука.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.