Алијансата за позитивна Македонија ќе ја поддржи коалицијата на СДСМ за изборите
Алијансата за позитивна Македонија ќе даде целосна поддршка на кандидатите за градоначалници на коалицијата предводена од СДСМ, на претстојните локални избори.
Оваа одлука е донесена вчера на проширената седница со претседателите на општинските организации на АПМ.
„Алијансата за позитивна Македонија дава максимален придонес кон составувањето на квалитетни листи на коалицијата за кандидати за советници на Советите на општините. Кандидатите што ги нуди Алијансата за позитивна Македонија се со силен човечки, морален и политички капацитет да ги застапуваат либерал-демократските вредности и интереси на сите граѓаните во советите на општините, со што претставуваат додадена вредност и богатство на политичкиот плурализам на Република Македонија“, се наведува во соопштението на АПМ.